Израелската војска тврди: Терористите на Хамас ја крадат хуманитарната помош/ВИДЕО

204
EPA/HAITHAM IMAD

Израелската војска објави видео за кое тврди дека покажува како борците на Хамас крадат хуманитарна помош наменета за цивили.

„Видеото, кое беше објавено пред само четири дена, ги прикажува терористите на Хамас како ограбуваат камион со помош, истата организација која шири лажни тврдења за намерна кампања за гладување во Газа. Како би можело тоа да има смисла“, се вели во соопштението.

Израел се соочи со зголемени критики од голем број влади поради неговиот наводен план за изгладнување на палестинските цивили во Газа, што Израел го негира.

Неколку западни влади се заканија дека ќе ги променат своите политики кон Израел доколку хуманитарната помош не им биде веднаш достапна на палестинските цивили, особено на жените и децата.

 

ИЗДВОЕНИ