
„Бидејќи Хамас користи цивилни области за терористички цели, војската ќе ја нападне таа област со висок интензитет“, напиша портпаролот на израелската армија, Авихаи Адраех, на арапски јазик на социјалните медиуми.
Најмалку 70 лица беа убиени денес во интензивни израелски воздушни напади на северниот и јужниот дел на Појасот Газа.
Најмалку 20 од нив беа деца, соопштија палестинските здравствени претставници.