Израелската војска најави дека ќе ги напаѓа лидерите на Хамас и во странство

265
Фото:википедија

Израелската војска денес објави дека ќе ги нападне лидерите на палестинското движење Хамас во странство, откако ја објави смртта на портпаролот на военото крило на исламистичкото движење во Појасот Газа, пренесе „Бета“.

„Во Појасот Газа, вчера го погодивме еден од високите лидери на Хамас, Абу Обеид. Ова не е завршено, повеќето од лидерите на Хамас се во странство и ние ќе ги нападнеме и нив“, рече началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, стои во соопштението на војската.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави претходно денес дека портпаролот на вооруженото крило на палестинското движење Хамас е „елиминиран“ во Појасот Газа во израелски воен напад.

„Терористичкиот портпарол на Хамас, Абу Обеида, беше елиминиран во Газа и им се придружи на другите елиминирани од оската на злото на Иран, Либан и Јемен и сега е во длабочините на пеколот“, напиша Кац на социјалната мрежа X (X).

Хамас, против кој Израел води војна во Појасот Газа, сè уште не реагирал.

ИЗДВОЕНИ