Израелската војска ги предупреди иранските граѓани кои се наоѓаат во или околу воените објекти веднаш да се евакуираат.
Ова невидено предупредување до Иранците би можело да сугерира дека Израел планира нови напади врз објектите на одбранбената индустрија, проценува „АП“.
„Сите лица кои моментално се или ќе бидат во или околу фабриките за оружје и објектите во нивна близина мора веднаш да ги напуштат овие области и да не се враќаат до понатамошно известување“, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили, полковник Авичаи Адра, за мрежата „Икс“.
Пораката е објавена на персиски јазик.