Израелците открија: „Ако Хамнеи ни беше на нишан, ќе го елиминиравме“

169

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, доколку тоа беше можно за време на 12-дневната војна меѓу двете земји, изјави во четврток израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

„Доколку Хамнеи ни беше на нишан, верувам дека ќе го елиминиравме“, рече Кац во интервју за израелската јавна телевизија Кан.

Но, Хамнеи бил свесен за ова, се криел многу длабоко под земја и ги прекинал контактите со командантите кои ги замениле оние што биле елиминирани, па затоа на крајот тоа не било реално“, рече тој.

Израел уби голем број врвни ирански воени команданти и нуклеарни научници во војната што започна на 13 јуни.

ИЗДВОЕНИ