Израел соопшти дека во ноќните напади е убиен иранскиот началник на главниот штаб, Али Шадмани, само неколку дена откако беше назначен да го замени командантот убиен во претходните напади.
По „прецизни разузнавачки информации“ добиени од Израелските одбранбени сили и „ненадејна можност преку ноќ (во вторник), израелските воздухопловни сили (ИАФ) нападнаа команден центар со персонал во срцето на Техеран и го елиминираа Али Шадмани“, се вели во соопштението на Израелските одбранбени сили.
Иран сè уште не ги коментираше израелските тврдења за смртта на Шадмани.
Шадмани ја презеде функцијата во петокот откако во првичните израелски напади врз Иран беа убиени неколку високи команданти, вклучувајќи го и неговиот претходник, генерал-потполковник Голам Али Рашид.