Израел се согласи за прекин на огнот

28
EPA-EFE/RONEN ZVULUN / POOL

Владата на Израел објави дека се согласила со предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот. Во соопштението се наведува и дека Израел „одлучно ќе одговори на секое прекршување на примирјето“.

Тие се согласуваат со примирјето, како што наведуваат, бидејќи „клучните цели на операцијата против Иран се постигнати“.

Израелските власти соопштија дека ја отстраниле „двојната непосредна егзистенцијална закана од Иран, онаа од нуклеарно оружје и балистички ракети“.

Израел, исто така, тврди дека му нанел „тешки загуби на иранското воено раководство“ и дека „десетици клучни цели на иранската влада“ биле уништени во нападите.

Според истото соопштение, на последниот ден од операцијата, израелските сили „погодија владини цели во центарот на Техеран, елиминираа стотици членови на Баси, милиција што ја користеа иранските власти за задушување на протестите и неутрализираа уште еден висок ирански нуклеарен научник“.

„Државата Израел им се заблагодарува на претседателот Трамп и на Соединетите Американски Држави за нивната одбранбена поддршка и учество во елиминирањето на иранската нуклеарна закана“, се заклучува во соопштението.

ИЗДВОЕНИ