
Трамп би требало да одржи говор во Кнесетот во текот на пленарната седница, во 11 часот по локално време, а се очекува во Кнесетот во таа пригода да се обрати и Нетанјаху.
Трамп потоа ќе отпатува во Египет, каде што би требало во Шарм ел Шеик да копретседава со самитот за Газа, заедно со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси.
Според распоредот на американскиот претседател, тој би требало да слета во Египет во 13 часот и 45 миути по локално време.