Израел планира да ја преземе контролата врз цела Газа, вели Нетанјаху

21

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека има намера да ја преземе контролата врз Појасот Газа, но „не сака да ја задржи“.

Нетанјаху го изјави ова во интервју за „Американ Фокс“, пред почетокот на состанокот со неговиот кабинет за безбедност.

ОН предупреди дека потегот може да има „катастрофални последици“, а семејствата на заложниците стравуваат дека тоа би можело да ги доведе во опасност нивните најблиски.

Средбата се одржува во време кога Израел се соочува со растечки меѓународен притисок да ја прекине војната во Газа и да дозволи поголема помош за територијата.

На израелската влада е да одлучи дали сака да го анектира Појасот Газа, изјави за „Си-Би-Ес њуз“ Мајк Хакаби, амбасадорот на САД во Израел.

ИЗДВОЕНИ