Американскиот претседател Доналд Трамп им ветил на арапските лидери дека нема да му дозволи на Израел да го анектира Западниот Брег, објави Политико, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.
За време на дискусиите на маргините на Генералното собрание на ОН, Трамп изрази цврст став дека на Израел нема да му биде дозволено да го анектира Западниот Брег, кој е контролиран од Палестинската самоуправа.
Политико пишува дека Трамп претставил план за прекин на конфликтот на Блискиот Исток, а тој, заедно со гореспоменатото ветување, содржи детали во врска со администрацијата и безбедноста на територијата по војната, пренесе Срна.