Израел ќе гради 22 еврејски населби на окупираниот Западен Брег

121

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич најави изградба на 22 еврејски населби на окупираниот Западен Брег, што би можело дополнително да ги искомплицира веќе заладените односи на Израел со голем дел од меѓународната заедница.
-Донесовме историска одлука за развојот на населбите: 22 нови населби во областа Јудеја и Самарија, рече Смотрич, екстремно десничарски министер, користејќи го името што Израелците го користат за Западниот Брег, палестинска територија која е под израелска окупација од 1967 година.

Соред мапата објавена од партијата Ликуд, десничарската партија на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, 22-те планирани населби ќе бидат расфрлани низ Западниот Брег, од север кон југ низ центарот.

ОН редовно ги осудува активностите на израелските населби како нелегални според меѓународното право и една од главните пречки за трајно мировно решение меѓу Израелците и Палестинците, бидејќи го спречува создавањето на одржлива палестинска држава.

Најавата на Смотрич доаѓа откако Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, во средата изјави дека има „многу добро чувство“ за можноста за постигнување прекин на огнот во Газа по 600 дена војна меѓу Израел и Хамас.
Ова се случува во време кога Франција треба да претседава со конференцијата на ОН со Саудиска Арабија во јуни, чија цел е промовирање на мировно решение со „две држави“: Израел и независна и целосно суверена Палестина чиј народ живее рамо до рамо во хармонија.

ИЗДВОЕНИ