Израел ја ракетираше Иранската државна телевизија за време на програма во живо/ФОТО/ВИДЕО

241
Printscreen/X/Mossad

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека иранските државни медиуми се на работ на исчезнување поради тековната воена операција, осврнувајќи се на нападите на израелската армија и издадената наредба за евакуација на жителите на третиот округ на Техеран.

„Иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување наскоро ќе исчезне. Евакуацијата на жителите во близина започна“, рече Кац, осврнувајќи се на зградата на иранската државна радиодифузна агенција ИРИБ, која се наоѓа во зоната.

Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа итно предупредување до жителите на поголемиот дел од иранскиот главен град, повикувајќи ги веднаш да ја напуштат областа. Набрзо следеше нападот, за време на пренос во живо, во кој водителката мораше да избега бидејќи сè околу неа почна да се урива.

„Во наредните часови, ИДФ ќе дејствува во областа, како што правеше во последните денови низ целиот Техеран, за да ја таргетира воената инфраструктура на иранскиот режим“, изјави портпаролот на израелската војска, Авичај Адрае, преку мрежата X.

Објавата содржеше и мапа со означени делови од третиот округ, со дополнително предупредување.

„Вашето присуство во оваа област го загрозува вашиот живот.“

ИЗДВОЕНИ