Израел изврши воздушни напади врз три града во јужен Либан/ВИДЕО

23

Израел изврши воздушни напади врз три градови во јужен Либан во четврток, кратко откако ги предупреди жителите да ја напуштат областа, објавија либанските државни медиуми и израелската војска.

Либанската државна Национална новинска агенција (ННА) објави неколку напади врз Маис ал-Џабал, пограничен град кој многу страдаше во последната војна, како и врз Дебин и Кфар Тибнит.

Според ННА, патиштата од Кфар Тибнит биле полни со луѓе кои ги напуштиле своите домови пред нападот.

Израелската војска соопшти дека „спроведува напади врз воените цели на Хезболах во јужен Либан“.

Израел продолжува да го напаѓа јужен Либан и покрај прекинот на огнот потпишан во ноември, со кој завршија повеќе од една година непријателства и два месеци отворена војна со Хезболах.

Исто така, израелските трупи остануваат распоредени на пет локации во јужен Либан кои ги сметаат за стратешки важни.

ИЗДВОЕНИ