Израел испраќа специјална единица во Белград: Советник на Вучиќ Ајнхорн, под истрага

555
youtube screenshot Giorgi Loladze

Израелската полиција оваа недела доаѓа во Србија за да го испраша Јисраел (Срулик) Ајнхорн, поранешен советник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а сега советник на српскиот претседател Александар Вучиќ, објави „Тајмс оф Израел“.

Ајнхорн е еден од клучните осомничени во два големи скандали – протекувањето на класифицирани воени документи и аферата „Катаргејт“, која се однесува на тајни ПР активности за Катар пред Светското првенство во 2022 година.

Според израелските медиуми, Ајнхорн, заедно со поранешните соработници на Нетанјаху, Јонатан Урих и Ели Фелдштајн, учествувале во кражбата и дистрибуцијата на тајни воени документи, од кои едната ја добил германскиот весник „Билд“. Покрај тоа, тројцата, преку нивната ПР фирма „Перцепција“, водеа кампања во корист на Катар – во обид да го подобрат имиџот на земјата пред глобалната јавност.

Ајнхорн живее во Белград веќе една година и не се вратил во Израел откако започна истрагата. Тој претходно се обиде да преговара со израелското обвинителство за безбедно враќање и сведочење без апсење, но преговорите не успеаја, објави „Тајмс оф Израел“.

Откако првично го отфрли неговото барање да биде испрашуван во Србија, израелското обвинителство го промени својот став. Специјалната единица Лахав 433 сега испраќа истражители во Белград за да го испрашаат на лице место.

 

ИЗДВОЕНИ