Израел има хуманитарен план сите два милиона Палестинци да ги „стутка“ во Рафа

305

Единствениот очигледен резултат ќе биде жителите на Газа да одлучат да емигрираат надвор од Појасот Газа, но, нашиот главен проблем е да најдеме земји што би ги примиле, рекол израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху на затворено сослушување пред Комитетот за надворешна политика и одбрана на Кнесетот, од кое детали дознал „Тајмс оф Израел“

Повикувајќи се на извори присутни на седницата. весникот пренесува изјава на Нетанјаху дека Израел „уништува сè повеќе куќи“ во Газа, што резултира со тоа што Палестинците немаат каде да се вратат.

Нетанјаху, исто така, им рекол на пратениците дека во последните денови разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за планот на САД за преземање на Газа, но признал дека имало тешкотии во неговото спроведување, зашто земјите од кои е побарано, не сакаат да ги примат Палестинците. Иако Трамп претходно ги повика Египет и Јордан да ги прифатат обете земји брзо ја отфрлија идејата, инсистирајќи дека Палестинците треба да останат на својата земја.

Израел, исто така, не им дал никакви јавни ветувања на жителите на Газа дека оние што ќе заминат ќе можат да се вратат. Десетици луѓе кои ја напуштија Газа како дел од пилот-програма за работа во странство, наводно, морале да потпишат документи со кои потврдуваат дека нема временска рамка за нивно враќање поради безбедносната ситуација. Децата кои беа евакуирани на медицински третман во странство, исто така, беа спречени да се обединат со своите семејства во Газа откако по завршување на третманот, пренесува „Танјуг“.

Иако Нетанјаху тврди дека САД се многу заинтересирани за Газа, според извори на „Тајмс оф Израел“, администрацијата на Трамп вложила минимални напори за  планот за преземање на Газа кој беше објавен на почетокот на февруари.

На седницата премиерот информирал и за планот на Израел наскоро да продолжи со дистрибуцијата на помош за Газа преку нов систем кој предвидува целото население на Газа од два милиона да биде преместено во областа во и околу Рафа, која сочинува помеѓу 10 и 25 проценти од Појасот Газа. Оние кои ќе влезат таму ќе бидат прегледани од израелската војска, а снована е нова организација наречена „Хуманитарна фондација Газа“ за управување со новата програма за помош.

ИЗДВОЕНИ