Израел и се заканува на Европа со одмазда

19

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, остро реагираше на предлогот на Европската комисија за воведување санкции и суспендирање на трговските привилегии против Израел поради војната во Газа.

Саар ги нарече мерките презентирани од претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, „морално и политички искривени“, објави „Тајмс оф Израел“.

„Потезите против Израел ќе им наштетат на интересите на самата Европа“, рече министерот на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека Израел, „со помош на своите пријатели во Европа, ќе продолжи да се бори против обидите да му се наштети додека се соочува со егзистенцијална војна“.

Саар јасно предупреди дека секоја одлука за санкции ќе предизвика контраодговор од Израел.

„Чекорите против Израел ќе бидат одговорени со иста мера и се надеваме дека тоа нема да биде потребно“, заклучи израелскиот министер за надворешни работи.

ИЗДВОЕНИ