Израел и Иран продолжуваат со нападите

68

Воздушните напади меѓу Израел и Иран продолжија. Над 50 авиони учествуваа во израелските воени операции во Иран во текот на последните 24 часа. Израелските воздухопловни сили извршија напади врз иранските места за лансирање балистички ракети во Исфахан, додека сирените за воздушен напад повторно се огласија низ централен и северен Израел како предупредување за ирански ракетен напад. Според ирански извори, иранските системи за воздушна одбрана соборија израелски борбен авион Ф-35 над градот Варамин, југоисточно од Техеран.

Али Бахреини –  амбасадор на Иран во ОН: Нема да покажеме никакво двоумење во одбраната на нашиот народ, безбедност и територија. Ќе одговориме сериозно и силно, без двоумење“.

Портпарол на израелското Министерство за надворешни работи, изјави дека промената на режимот во Иран не е само една од целите.

Орен Марморштајн – портпарол на израелското министерство за надворешни работи: „Промената на режимот во Иран не е една од целите на Израел во нејзината операција против Иран. Но,никогаш не може да се знае какви би биле резултатите од конфликтот“.

Американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повторил својот став дека САД треба да се приклучат на војната против Иран. Трамп го повика Иран на „безусловно предавање“.

Трамп Трут Сошл: „САД точно знаат каде е врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи. Тој е лесна цел, но таму е безбеден – нема да го исклучиме, барем не во моментов“.

Трамп, исто така, го предупреди Иран да не истрелува ракети кон цивили или американски војници и предупреди  дека трпението е при крај.  Телефонскиот разговор меѓу Трамп и Нетабјаху ги подгрева шпекулациите за евентуално вмешување на САД во конфликтот меѓу Израел и Иран. Нетанјаху претходно изјави дека со Трамп разговара речиси секој ден од 13 јуни кога Израел го нападна Иран. Во меѓувреме, САД распоредуваат дополнителни воени авиони на Блискиот исток.

ИЗДВОЕНИ