Израел го нападна Иран, погодени нуклеарни објекти! Техеран возврати со повеќе од 100 дронови/ВИДЕО

843
EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Израелската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта извршила напади врз повеќе места во Иран, а цел на нападите, меѓу другото, биле цели поврзани со нуклеарната програма и високи воени претставници. Иран утрово возврати.

Иран лансираше повеќе од 100 беспилотни летала кон израелска територија, соопшти во петокот израелската војска.

„Сите системи за [воздушна] одбрана дејствуваа за да ги пресретнат заканите“, рече портпаролката на ИД, Ефи Дефрин.

Поранешниот шеф на иранската национална безбедност Али Шамхани е убиен во израелските напади врз Иран, јавуваат иранските државни медиуми. „Потврдено е и убиството на Али Шамхани“, објави во петокот иранската државна информативна мрежа ИРИНН.

Јордан соопшти дека нема да толерира никакво нарушување на нејзиниот воздушен простор, инсистирајќи дека кралството нема да биде бојно поле за каков било конфликт, неколку часа откако Израел нападна нуклеарни и воени цели во Иран. Националната безбедност на земјата е црвена линија и таа нема да дозволи каков било обид да се загрози нејзината безбедност и безбедноста на нејзините граѓани, изјави владиниот портпарол Мохамед Момани во изјавата што ја пренесе државната новинска агенција Петра. Тој не прецизираше повеќе детали.

Иран има право да му возврати на Израел, соопшти во петокот неговото Министерство за надворешни работи, обвинувајќи го Вашингтон дека го помага нападот во текот на ноќта, и покрај тврдењата на САД. Иран „нема да се двоуми да ја брани нацијата“, соопшти Министерството. Министерството соопшти дека израелските напади не можеле да бидат извршени без помош на САД, кои, како што наведуваат, се одговорни за последиците од дејствијата на Израел.

ИЗДВОЕНИ