среда, февруари 11, 2026
Дома СВЕТ Израел ги зароби активистите кои се обидуваа да достават помош во Газа

Израел ги зароби активистите кои се обидуваа да достават помош во Газа

481
EPA-EFE/ORIETTA SCARDINO

Францускиот доктор и активист Батист Андре испрати видео порака од бродот „Мадлин“, кој се обиде да ја пробие израелската поморска блокада на Газа носејќи хуманитарна помош. Во пораката, Андре наведува дека е киднапиран и апелира до граѓаните и властите на Франција да извршат притисок за негово ослободување.

Израелската војска ја презеде контролата врз бродот во текот на ноќта, заробувајќи ги сите 12 патници, вклучувајќи ја и Грета Тунберг. Коалицијата „Флотила на слободата“ објави видеа од неколку членови на екипажот, тврдејќи дека станува збор за невооружени цивили кои транспортираат медицинска помош, храна за бебиња и други залихи во согласност со меѓународното право.

Грета Тунберг носи помош и се приближува кон Газа, Израел реагира: Подготвени сме да дејствуваме!

Израелскиот министер за одбрана: Наредив војската да ја запре едрилицата што ја превезуваше Грета

ИЗДВОЕНИ