Израел им даде дозвола на Обединетите нации да влезат во Газа за околу 100 камиони со хуманитарна помош, соопшти денеска портпаролот на хуманитарната канцеларија на ОН, Јенс Лерке.
„Девет камиони со хуманитарна помош на Обединетите нации вчера добија дозвола да влезат во Појасот Газа“, рече шефот на хуманитарните операции на ОН, нарекувајќи го тоа „капка во океанот“ по 11 недели целосна израелска блокада.
Досега пет од овие камиони го поминаа граничниот премин Керем Шалом, по што беа преземени од претставници на ОН, изјави портпаролот на Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања Ленс Лаерке на прес-конференција во Женева.
Израелските власти денеска објавија дека 93 камиони со хуманитарна помош на ОН влегле во опколениот и од војна разорен палестински Појас Газа.
Министерството за одбрана соопшти дека е испорачано брашно, храна за бебиња, медицински материјали и лекови.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека по два и пол месеци блокада на Газа поради меѓународен притисок, ќе дозволи влез на мал број камиони со хуманитарна помош.