недела, февруари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Изработени стикери со ликовите на битолската бадникова делегација

Изработени стикери со ликовите на битолската бадникова делегација

163

Во пресрет на годинашната манифестација „Бадникови поворки“ изработени се и стикери со ликовите на битолската бадникова делегација.

Во изминатите денови вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата изработуваа ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник денот кога низ центарот на градот со ѕвездите в раце ќе ја пеат Вечниот бог, најавувајќи го Христовото раѓање.

Утре на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката.

Организаторите упатија повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.


Инаку ѕвездичките ја симболизираат Витлеемската ѕвезда која се појавила на небото кога се родил спасителот на светот и дека децата ја претставуваат ангелската војска која со песна ја најавува радосната вест.

 

ИЗДВОЕНИ