Изнудувач со смртни закани и барал 15.000 евра на жена во странство

49

Основното јавно обвнителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник за кој постои основано сомнение дека во последните два месеца вршел изнуда на пари од жена во странство.

Изнесувајќи детали за настанот, од Обвинителството наведуваат дека осомничениот телефонски и по пораки на различни апликации ја контактирал жената и ѝ упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат доколку не му исплати сума од 15000 евра.

„На оштетената и дал рок до 26 септември за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4 500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија“, велат од ОЈО.

Жената пристигнала во земјава на 25 септември и го пријавила осомничениот. Кога дошол на претходно договореното место за да ги земе парите, тој бил приведен. Поради опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците или да го повтори делото, јавен обвинител предложил притвор за осомничениот 37-годишник.

ИЗДВОЕНИ