Возачот на Ред бул, Оскар Пјастри, остана без победа во Силверстон поради спорната казна што ја доби во текот на безбедносното возило. Беше казнет со 10 секунди поради „агресивно сопирање“ во моментите кога се наоѓаше безбедносното возило на патеката, поради што за момент беше минат од Макс Верстапен.
Овој пат, во одбрана на Пјастри застана и Верстапен, кој само неколку секунди по инцидентот, се изврти на патеката и падна на 11. место. Сепак, на крајот успеа да се врати во вистинскиот колосек и заврши петти, додека Пјастри мораше да се задоволи со второто место.
Верстапен сега застана во одбрана на Пјастри и јасно стави до знаење дека не ги разбира критериумите според кои се доделуваат казните.
- И мене ме изненади, на студени гуми ме изненади. Дури по трката дознав дека добил казна. Ова ми се има случено неколку пати и навистина ми е чудно што тој е првиот што доби 10 секунди за ваква ситуација – посочи Верстапен.
Пјасти беше видливо незадоволен, истакнувајќи дека возел на ист начин и на претходното рестартирање, без никакви последици.
Интересно е што се случи речиси идентична ситуација пред само неколку недели, во Канада, кога Џорџ Расел одеднаш закочи зад безбедносното возило, а Верстапен мораше да го избегне и дури накратко го презеде водството. Во тоа време, Расел не доби казна, иако Ред бул формално протестираше против неговото возење.