среда, февруари 25, 2026
Дома МАГАЗИН Измерена рекордна топлина на океаните во 2025 година

Измерена рекордна топлина на океаните во 2025 година

50

Меѓународна студија во која учествувале повеќе од 50 истражувачи покажа дека температурите на океаните достигнале нов рекорд во 2025 година, при што морињата складирале повеќе топлина минатата година отколку во која било друга година откако започнале да се водат евиденции.

Според студијата, зголемувањето на топлината во океаните изнесувало 23 трилиони џули, што е еквивалентно на количината на енергија потрошена од глобалната економија во текот на 37 години.

Анализата ја спроведе Институтот за морски науки на Националниот истражувачки совет во Рим и Националниот институт за геофизика и вулканологија во Болоња, а беше објавена во научното списание „Напредок во атмосферските науки“, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ