Во следните две седмици ќе има изменет режим на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно поради изведување на градежни истражувачки работи помеѓу двете патарини, информираа од АМСМ.
Исто така воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај и привремени семафори со наизменично пропуштање на возилата поради санација на мост Здуње, мост на реката Вардар, на државен пат А2, делница Гостивар – Стража. Промената ќе трае шест месеци.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење и почитување на сообраќајната сигнализација.