понеделник, јануари 19, 2026
Дома КУЛТУРА Изложбата „Рацете на традицијата“ во Музејот на македонската борба

Изложбата „Рацете на традицијата“ во Музејот на македонската борба

35

Изложбата „Рацете на традицијата“ од авторката Елизабета Марковска ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност на 1 декември, во 19 часот.

Во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот – с. Џепчиште, изложбата е посветена на традиционалните занаети, нивниот пат од минатото кон современоста, таму каде што наследството се претвора во дела. Преку изложените предмети и фотографии, посетителите ќе имаат можност да ги откријат приказните зад секој рачно изработен предмет, да ги запознаат мајсторите занаетчии и да почувствуваат како преку нивните раце традицијата добива нов живот.

Изложбата јавноста ќе може да ја посети до 15 декември.

ИЗДВОЕНИ