Седмото издание на изложбата – „Фемина 8/7 – Истокот и Западот“, проект на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во соработка со кураторките Јана Манева-Чупоска и Ирена Паскали, ќе биде отворена на 12 јуни од 20 часот.

На изложбата учествуваат: Лудевиг Хајке, Хилер Анет, Хаген Ута, Тинтелнот Соња, Маер Катарина, Иса Андреа, Халм Анет Ц, Лукас Симоне, Ирена Паскали, Јана Манева-Чупоска, Инкен Боје, Марија Мицова Гацова, Петра Јовановска, Дита Старова, Љупка Делева, Eлпида Хаџи-Василева, Мирослава Трујкановиќ, Јaна Луловска и Елизабета Костадиновска.

„Фемина 8/7“ е мултимедијален проект, овој пат насловен како „Истокот и Западот“, во кој соработуваат жени уметнички од Германија и Македонија. Главната работна тема е поврзувањето на културолошките тенденции на една жена во средината и општеството во кои таа живее и твори. Сите различни аспекти на егзистирање во една животна средина претставуваат влијателен фактор врз формирањето на ликовниот идентитет на една жена уметница. Ваквиот концепт всушност ја претставува носечката ликовна идеја при анализата и реализацијата на овој проект, преку преиспитување на културолошките релации меѓу Истокот и Западот и нивно редефинирање, односно предефинирање.

Изложбата е реализирана во соработка со германското здружение од Дизелдорф – „Продуцентска галерија План Д“. Во соработка со ова здружение проектот „Фемина 8/7 – Истокот и Западот“ отвора нови можности за соработка, претставувајќи два концепти и пристапи кон создавање нови креативни творештва, со жената како главен ликовен протагонист.

ИЗДВОЕНИ