„Рапсодија во чаша полна љубов“ е наслов на самостојната изложба на ликовниот уметник Владимир Темков, што утревечер (20 ч.) ќе биде отворена во Македонската академија на науките и уметностите. Настанот ќе го отвори академик Влада Урошевиќ.

Владимир Темков е дипломиран професор по ликовна култура. Роден е во Кавадарци во 1959 година, потекнува од работничко семејство. Основно образование завршува во основното училиште „Страшо Пинџур“, средно уметничко и Педагошка академија во Скопје, а Факултет за ликовни уметности – отсек графика и магистерски студии – отсек сликарство завршува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Овој ликовен уметник е основач и организатор на ликовна колонија во Кавадарци, што постои речиси 30 години, а има учествувано на многубројни самостојни и групни изложби, колонии и други културни настани, освоено бројни награди во земјава и во странство.

Дела на Темков низ годините биле дел од изложби во големи светски културни центри како Њујорк, Париз и други градови низ светот, а самиот има реализирано студиски престои во повеќе светски културни метрополи.

 

ИЗДВОЕНИ