Изложбата „Од чета до армија“ од авторот м-р Бојан Трпевски, водич ис­то­ричар, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност во пе­ток, 15 август, во 19.00.

Преку примероци на оружје, фотографии, документи и други материјали, из­ложбата ќе ги претстави клучните етапи од процесот на создавање на маке­дон­ските вооружени сили – од ајдутството, преку востаничките чети и одредите во Народноослободителната борба, до создавањето на македонската армија како еден од најважните столбови на државниот суверенитет и независност.

Изложбата е поддржана од Годишната пограма за национален интерес во културата на Министерството за култура и туризам за 2025 и ќе биде отворена за публиката до крајот на септември.

ИЗДВОЕНИ