Јавното претпријатие „Лајка“ на 18.10.2025 година ќе го прослави својот петти роденден. По тој повод ќе биде организирана забава во кафе-барот „Собрание“, со вдомените кучиња, сегашните штитеници, децата и со сите љубители на животни.
Во рамките на одбележувањето на петтиот роденден ќе биде организирана и изложба на кучиња што бараат дом, потоа натпреварувачка изложба на миленици (најубава женка, најубав мажјак, куче и дете), ученички цртежи и креативна работилница со Шепализа, избор за најсмешна фотографија, а ќе има и роденденска торта, музика и многу дружење.
– Да се забавуваме, но и да потсетиме дека секое куче заслужува љубов и дом – повикуваат од ЈП „Лајка“.