Во рамки на проектот „Македонското малцинство во Пустец – наследство од генерација на генерација“, во Пустец беше отворена изложба на фотографии на уметникот Роланд Бекирај. Проектот е реализиран од Центарот „Казус“, поддржан од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество. Се работи за визуелен мозаик, каде што уметничката чувствителност се преплетува со реалистичен пристап и тонови, со цел да се прикаже духот на Преспа и на нејзините жители.
–Преку објективот на Роланд Бекирај, 30 дела од изложбата донесоа епизоди од секојдневниот живот на македонската заедница во Пустец: портрети обликувани од времето, убавини недопрени од модернизацијата, пејзажи со величествена и неповторлива убавина, елементи од традицијата и културниот идентитет, како и длабоките корени на ова историско наследство, кое восхитува во секој детали, информираше Општина Пустец.
Се оценува дека изложбата пренесува силни доживувања преку една целосна, животна и автентична приказна, која ја „открива нераскинливата врска на жителите од овој регион со нивната единствена културна и историска припадност“.












