Изложба „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруновски

14
Foto: P.Stojanovski

Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечерва во 19 часот се отвори изложбата „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруовски.

Националата галерија информира дека оваа серија на дела насловени „Лица“ е инспирирана од невидливото – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет. Преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, појаснуваат, овие дела даваат визуелна форма на човечкото присуство кое постои под површината на модерната бучава. Секој портрет произлегува од слоеви на искинати весници – фрагменти од масовни медиуми кои го претставуваат огромниот тек на глобални информации.

Самите материјали, некогаш носители на јавна вистина, се пренаменети во интимни, лични наративи. Експресивните ознаки и дамки стануваат траги од емоции, отпор и преживување во рамките на системи кои постојано ја бришат индивидуалноста.

– Лицата се нецелосни, фрагментирани и делумно замаглени – отсликувајќи ја состојбата на оние кои се борат да останат видливи во свет кој ја мери вредноста преку потрошувачка и конформизам. Во оваа тензија помеѓу препознавањето и исчезнувањето, делата го поставуваат прашањето што значи да се биде човек во ера во која идентитетот е посредуван од моќ, економија и спектакл. На крајот на краиштата, овие дела се чин на емпатија и бунт – визуелно сведоштво за луѓе кои искрено се обидуваат да живеат, да останат луѓе, среде корупција и хаос. Тие стојат како сведоци на тивко достоинство, потсетувајќи нè дека зад секој фрагмент од вестите и зад секој глобален наратив, постои вистинско лице, вистински живот и невидена вистина под површината на модерната бучава, се посочува во најавата за изложбата.

Изложбата, чиј куратор е Горанчо Ѓоргиевски, ќе биде поставена во текот на новогодишните празници и ќе го исполни календарскиот програмски простор во јануари 2026.

Ангел Коруновски завршил Државно средно училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ – Скопје, отсек: Скулптура, во 1998 година, а во 2003-та дипломирал на Факултет за ликовни уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, каде во 2012 завршил постдипломски студии на тема: Патот на цртежот до современата фигурација.

Самостојни изложби:

2002 Скопје, Гимназија „Корчагин“ – Македонија

2003 Велес, Народен Театар „ЈХК Џинот“ – Македонија

2004 Велес, Музеј – куќата на „ЈХК Џинот – Македонија

2005 Скопје, Галерија КИЦ – Скопје – Македонија

2005 Куманово, Галерија – Дом на Културата – Македонија

2016 Будва, стар град санта марија „Предели 2016“ – Црна Гора

2016 „Рефлексии на херметичноста“ – Велес – Македонија

2017 „Рефлексии на херметичноста“ – Скопје, МКЦ – Македонија

2017 „Рефлексии на херметичноста“ – Кавадарци, Дом на култура – Македонија

2020 „Хаотичниот космос“ – Берлин, Prima center – Германија

2020 „Дестилација“ – Скопје, Галерија „Ко-Ра“ – Македонија

2021 „Симбиотикс“ – Скопје, МКЦ – Македонија

2021 „Дестилација“ – Велес, Ликовен салон – Македонија

2021 „Почеток на почетокот“ НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп – Македонија

2021 „Почеток на почетокот“ Велес, Ликовен салон – Македонија

2022 „Симбиотикс“ – Велес, Ликовен салон – Македонија

2024 „Реинвенција на реалноста“-Куманово, Уметничка галерија Куманово – Македонија

2024 „Летаргија“ – Скопје, Музеј на град Скопје – Македонија

2024 „Летаргија“ – Богданци, ЈОУДК „Бранд Петрушев“- Македонија

2024 „Мостови Ниш – Скопје“ галерија на Универзитет Ниш – Србија

2025 „Реинвенција на реалноста“ – Национална установа Центар за култура „Бели Мугри“ Кочани – Македонија

2025 „Летаргија“ – Велес, Театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот – Македонија

2025 „Група 3“- Битола, Магаза – Македонија

2025 „Група 3“- Скопје, МКЦ – Македонија

2025 „Lethargy“ – Њујорк, MC gallery – САД.

ИЗДВОЕНИ