Ретроспективна изложба на фотографии и слушачка промоција на албумите „Чоканче 1&2“ и „Апсолутно романтично“ ќе се одржи вечерва (30 јануари) од 18:30 часот, во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. На настанот ќе се презентира 40-годишниот развоен пат на групата „Чоканче“, чие прво појавување бeше на 12 март 1983 година, на „Рок-парада“ во салата на тогашното кино „Партизан“ во Битола, заедно со уште 13 локални групи.

Со енергичниот настап и природниот контакт со публиката, „Чоканче“ веднаш се издвои и тој ден засекогаш ја промени рок-сцената во Битола. Од 1986 година, па наваму, групата настапува со свои авторски песни, снимени за Радио Битола и за Македонската радио и телевизија. И покрај прекините во работењето, групата останува присутна повеќе од четири децении, постојано носејќи ја својата енергија пред публиката.

Во периодот 1994–1995, во студиото на Миодраг Неќак – МИКС започна снимањето на двојниот албум „Чоканче 1&2“, издаден на касета и промовиран во клубот „Андерграунд“ – Битола, Домот на младите во Штип и во Домот на младите во Скопје. Во 2024 година, дел од песните беа реиздадени на винил, а наскоро ќе бидат достапни и на компакт-диск. Групата претрпуваше промени во составот, но му остана верна на својот препознатлив звук.

Денес „Чоканче“ се: Паљачо, Скрочо, Крчо, Ќебапо и Алеко.

 

ИЗДВОЕНИ