Изложа „Пафти, токи и колани“

17

Вредни примероци на накит од етнолошката збирка на Заводот и музеј – Штип денеска ќе бидат поставени на изложбата „Пафти, токи и колани“, во изложбениот простор во Дом на културата „Тошо Арсов“ – Виница, во 13:00 часот.

Изложбата содржи оригинални занаетчиски изработки и впечатлив накит на народната женска носија, но и дополнителен украс на градската облека што се носеле во 19 век па сè до средината на 20 век.

Кај овие украси се забележува богата орнаментика со различна симболика и значење преку која се препознаваат верските определби и народните верувања. Предметите кои се изработени од метал се дело на вредните и креативни, врвни занаетчии-кујунџии и филигрански мајстори, додека украсните предмети изработени од ситна монистра во наниз или гобленски бод со прекрасни растителни и геометриски орнаменти се дело на вредните и уметнички раце на жените и девојките. Повеќе од половина век овој накит не се употребува, но останува во музејските поставки да сведочи за едно минато време.

Изложбата „Пафти, токи и колани“ е во организација на локалниот ахеолошки и историски музеј „Теракота“ – Виница во соработка со Заводот и музеј Штип, во состав на програмата на Општина Виница за одбележување на „81 година Слободна Виница“.

.

ИЗДВОЕНИ