Излезноста на гласачите во вториот круг од локалните избори до 15 часот е 27,19 отсто, според податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК). Според обработените податоци, до 15 часот гласале 275.034 граѓани.
Ова претставува помал одѕив во споредба со првиот изборен круг, кога до 15 часот излезноста беше 31,16 проценти.
Најголема излезност е забележана во Крушево, каде гласале 50,22 отсто од запишаните избирачи. Потоа следуваат Пробиштип со 49,04%, Росоман со 48,14% и Демир Капија со 46,19%.
Најмал интерес за гласање има во општините Сарај со само 6% и Чаир со 8,83% излезност.
Денеска се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а право на глас имаат 1.013.375 граѓани на 1.771 избирачко место.












