Излезеноста на гласачите на локалните избори до 15 часот на ниво на државата изнесува 31,34 отсто, информира Државната изборна комисија (ДИК).
Процентот е изведен од обработени 3.444 избирачки места, што е 99,14 отсто од вкупниот број. Како што може да се види на веб-страницата на ДИК каде што сукцесивно се објавуваат податоците, од 1.832.415 запишани избирачи на овие избирачки места, своето право на глас до 15 часот го оствариле 570.727 граѓани.
Општина со најголема излезеност е Чашка со 53,19 отсто, по која следува Новаци со 52,84; Ранковце со 48,24 отсто и Македонски Брод со 48,21 отсто.
Најмала излезеност до 15 часот, според податоците што сукцесивно објавуваат на веб-страниуцата на ДИК е забележана во Општина Врапчиште со 14,94 отсто, а потоа се Центар Жупа со 17,12 и Шуто Оризари со 23,01 отсто.