Полицијата синоќа во 23:07 часот во Кратово го лишила од слобода С.С. (38) од село Татомир, откако излетал од пат управувајќи возило под дејство на алкохол.
Несреќата се случила околу 22:45 часот на регионалниот пат Татомир–Кратово, во село Туралево, каде при контрола му биле измерени 3,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.












