Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска на Пеленица се дружеше со децата со церебрална парализа, на традиционалниот излет посветен на дружба и поддршка. Со посветеност и емпатија, тој уште еднаш ја истакна важноста на грижата и вниманието кон лицата со попреченост, најавувајќи уште посилна заложба за унапредување на нивните права и услови за живот.
– На мое големо задоволство повторно се дружевме со децата со церебрална парализа, на нашиот веќе традиционален излет во Пеленица. Овие дружби се значајни за сите нас, бидејќи се прекрасна можност да се поврземе, да се поддржиме и да создадеме моменти на радост и заедништво. Секогаш се залагам за подигнување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа и се залагам да работиме сите заедно кон подобрување на нивните права и можности за што понезависен, посамостоен и целосно интегриран живот во нашето општество. Со ваквите дружења и настани, се надевам дека им го разубавуваме секојдневието и им покажуваме дека не се сами во своите предизвици – истакна Ѓорѓиевски.