Изградени шест засолништа на клучни локации во НП „Шар Планина“

313

На територијата на Националниот парк „Шар Планина“ се изградени шест засолништа, поставени на различни локации.

Од  НП „Шар Планина“ велат дека овој вид инфраструктура е за поголема безбедност и удобност на посетителите на Шара.

– Поставени се шест засолништа на клучни локации: Долна Лешница, патот кон планинарски дом Љуботен, под Титов Врв, кон месностите Три Воде, Рамен Камен и Долна Локва. Објектите нудат засолниште од лошо време и придонесуваат кон поголема сигурност и пријатно доживување за сите љубители на природата – информираат од НП „Шар Планина“.

Засолништата се изработените со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за инвестирање во животната средина 2024.

Од НП „Шар Планина“ апелираат да се чуваат засолништата и да не се остава отпад.

 

ИЗДВОЕНИ