Општина Аеродром периодов интензивно работи на изградба на нови пешачки патеки, како и обновување на веќе постојните на повеќе локации на ниво на целата територија, со вкупна површина од околу 2.000 квадратни метри.
-Нови пешачки патеки се изградија меѓу зградите на улицата „Фрањо Клуз“ во Стар Аеродром, кај паркот „Патрик“ зад „Три Бисери“, на булевар „Србија, во непосредна близина на „Лукоил“, две патеки во Ново Лисиче, едната спроти детската градинка „Буба Мара“, другата кај споменикот на Тоше Проески, како и во Долно Лисиче – соопштија од локалната самоуправа.
Наредниот период, со павер-елементи ќе бидат поплочени и други локации, а се врши и санација на веќе постојните пешачки патеки, со цел безбедно и олеснето движење на граѓаните.