вторник, јануари 27, 2026
Дома СКОПСКА Изграден нов потпорен ѕид на улица „50“ во Радишани

Изграден нов потпорен ѕид на улица „50“ во Радишани

92

Општина Бутел информира дека е изграден нов потпорен ѕид на улица „50“ во населеното место Радишани.

-Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел од улицата. Изградбата на потпорниот ѕид обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето – објаснија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека наскоро ќе преземат активности за реконструкција на улицата, која е оштетена поради лизгањето на земјиштето.

 

ИЗДВОЕНИ