Полскиот министер за внатрешни работи Томаш Сјемоњак денеска предложи локалните власти да градат засолништа наместо базени.
Говорејќи на конференцијата „Денови на одбрана 24“, тој рече дека ова прашање зависи од изборот на локалните власти, но посочи дека засолништата може да се изградат со помош на Фондот за безбедност и одбрана, кој неодамна беше формиран во Полска.
Сјемоњак истакна и дека неодамнешните кризи, како што се епидемијата на Ковид-19 и ненадејниот прилив на воени бегалци од Украина, покажаа дека и државата и општеството се способни да се мобилизираат и добро да дејствуваат, пренесува порталот „Samorzadowy“.