Изгоре балканскиот клуб „Вилаџ“ во Виена/ВИДЕО

1219

Ноќниот клуб „Вилаџ“ во Виена, омилено место за собирање на балканците, целосно изгоре. Пожарот избувна во вторник околу 1 часот наутро, а за среќа, клубот во тоа време бил затворен.

Причината за трагедијата сè уште е непозната. Дури 23 противпожарни возила и 88 пожарникари беа распоредени за гаснење на пожарот, додека пламенот целосно ја уништил зградата, по што дел од објектот се урна.

Во овој клуб гостуваа познати фолк пејачи од земјите од поранешна Југославија.

Менаџер на овој клуб беше Раде Лазиќ, поранешен учесник во ријалити шоуа и модел, познат по бројните врски со јавни личности и го водеше клубот десет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rade Lazic 🍋 (@lazicsugarfree)

ИЗДВОЕНИ