Изгледа дека Куба е подготвена да падне, не знам дали ќе издржи“, вели Трамп

774

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кубанската влада наскоро би можела да се падне, отфрлајќи ја можноста САД да го забрзаат падот на кубанската влада со воени средства, но додавајќи дека земјата преживува само благодарение на економската поддршка од Венецуела.

Трамп, пишува денес американскиот Политико, ги даде овие изјави во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ помалку од 48 часа откако американските сили извршија операција во Каракас за време на која беше уапсен венецуелскиот претседател Николас Мадуро заедно со неговата сопруга.

„Изгледа дека Куба е подготвена да падне. Не знам дали ќе издржи“, рече Трамп.

Американскиот претседател ја отфрли можноста САД да го забрзаат падот на кубанската влада со воени средства, наведувајќи дека Куба преживува благодарение на економската поддршка од Венецуела.

„Куба преживува само благодарение на Венецуела“, рече Трамп.

Во исто време, Трамп го предупреди и соседниот Мексико, велејќи дека земјата „мора да се собере затоа што дрогата хара низ Мексико“ и дека САД ќе мора да преземат нешто во врска со тоа.

Мексиканската влада е способна да го реши проблемот, „но за жал, картелите се многу силни во Мексико“, рече Трамп.

„Картелите го водат Мексико, без разлика дали ви се допаѓа или не“, додаде Трамп.

Тој додаде дека неговата администрација отворено очекува и посакува промени на владата во неколку земји во регионот, иако, како што истакна, иднината на Венецуела останува неизвесна.

Тој рече дека очекува новата влада во Каракас да им дозволи на САД непречен пристап до земјата за да помогнат во реконструкцијата, но се закани дека ако не се „однесат правилно“, ќе има „втор удар“.

Трамп, исто така, остро го критикуваше колумбискиот претседател Густаво Педро, еден од најгласните противници на американската операција во Венецуела.

„Колумбија е исто така многу болна. Ја води болен човек кој сака да произведува кокаин и да го испраќа во САД, но тоа нема да трае долго“, рече Трамп.

Трамп се осврна и на Гренланд, наведувајќи дека на САД им е „потребна“ територијата од безбедносни причини, изјава што ја даде само неколку часа откако данската премиерка Мете Фредериксен ги критикуваше неговите изјави за можната анексија на автономниот регион.

ИЗДВОЕНИ