Изгаснат пожарот кај Бељаковце

21

Изгаснат е пожарот кај кумановското село Бељаковце, со кој противпожарните служби се бореа два дена. Во гаснењето на пожарот биле вклучени четири екипи од територијалната противпожарна единица, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, вработени од „Национални шуми“ и локално население.

Пожарот беснееше два дена. Првиот ден од 16 часот, беше локализиран извесен период, подоцна повторно се разгоре, поради ветрот, и вчера е изгаснат, околу три часот по полноќ – изјави заменик-командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.

Во вечерните часови голем пожар избувнал и во кратовското село Димонце. За негово локализирање биле ангажирани екипа од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово и две екипи од ТППЕ Старо Нагоричане. Целосно е изгаснат и големиот пожар кој беснееше во селата Ругинце, Облавце и Сув Орах.

Вчера,  пожар бил пријавен и во селото Отља, во општина Липково, како и во селото Тромеѓа каде што горело стрниште.

-Ноќеска, половина час по полноќ, интервенирано е и на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, каде што горел смет. Пожарот бил изгаснат за околу 30-тина минути- соопштија од РЦУК.

 

ИЗДВОЕНИ