Општина Ѓорче Петров со првиот ребаланс на буџетот издвои 546 милиони денари за капитални инвестиции.
Воедно, дополнително се зголемени средствата за унапредување на условите во детските градинки – 20 милиони денари, за изградба и реконструкција на уличната инфраструктура – 21 милион денари и за подобрување на јавната хигиена – 8 милиони денари.
-Со овој ребаланс, Општина Ѓорче Петров продолжува да инвестира во проекти од непосредно значење за граѓаните, создавајќи подобра инфраструктура, поквалитетни јавни услуги и поурбана и уредна општина – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.












