вторник, февруари 24, 2026
Дома БАЛКАН Избувна голем пожар во магацин на пазар во главниот град на Албанија...

Избувна голем пожар во магацин на пазар во главниот град на Албанија – предизвикана е голема материјална штета

110

Голем пожар избувна вечерва во магацин на пазар со разни стоки во Тирана, главниот град на Албанија, објави агенцијата „Анадолу“.

Голем број противпожарни екипи се на местото на настанот и го гаснат пожарот што зафати голема површина магацини во кои се наоѓаат облека и други запаливи материјали.

Според прелиминарните информации од надлежните служби, нема извештаи за смртни случаи или повредени, но е предизвикана голема материјална штета.

Причината за пожарот сè уште не е позната и се очекува официјално соопштение од надлежните органи.

ИЗДВОЕНИ