Долго прославеното јодлање на Швајцарија доби одговор од културната агенција на ООН, бидејќи алпската традиција на пеење и песна е ставена на листата на светско културно наследство.
Комитетот на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) со седиште во Париз, кој се состана во Њу Делхи, го вклучи јодлањето на својата листа на нематеријално културно наследство.
Јодлањето беше избрано од 67 традиции што „Унеско“ ги почитува, вклучувајќи ја италијанската кујна, музиката од Гана, ферментираниот киргистански пијалок Максим и музичката и танцовата традиција Ел Џоропо во Венецуела.
Листата е различна од Листата на светско наследство на „Унеско“, која вклучува заштита на физички места што се сметаат за важни за човештвото, како што се Пирамидите во Гиза.
„Јодлањето може да го изведуваат поединци, мали групи или хорови, а понекогаш е придружено со инструменти како што е хармониката. Јодлирањето често се изведува на концерти, забави и натпревари, а учесниците обично носат традиционални регионални носии“, се вели во соопштението.
Швајцарската влада поднесе апликација за јодлањето до „Унеско“ а промоторите инсистираат дека тоа е многу повеќе од планинските извици од минатото, изведувани од машки сточари кои со фалсет испуштале звуци на зелените планински падини.
Промоторите велат дека тоа е исто така популарна форма на пеење.
Владата соопшти дека најмалку 12.000 јодлачи учествуваат преку околу 780 групи на Швајцарското здружение за јодлање.












