Општина Гази Баба ги избра најубаво украсените дворови за Нова година, на нејзина територија.

По објавениот јавен повик и извршената посета на домаќинствата, комисијата од Општина Гази Баба го избра дворот на семејството Јовановиќ за најубаво украсен двор, второто место му припадна на семејството Анчевски, третото на семејството Стефковски и четвртото на семејството Нешиќ.

Од институциите, наградени се ООУ „Григор Прличев“ и ЈУДГ „25 Мај“, клон „Морковче“.

– Искрено и од срце им се заблагодарувам на сите жители на Општина Гази Баба што дадоа свој придонес со украсувањето на дворовите и на балконите, со цел заедно да ја создадеме новогодишната магија насекаде во Општината – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Тој додаде дека Општината ги доделува наградите за да ги мотивира и другите граѓани следната година уште помасовно да се вклучат и да учествуваат во создавањето празнична атмосфера.












