петок, јануари 16, 2026
Дома СКОПСКА Избрани најубаво украсената тераса, двор и ученички расказ

Избрани најубаво украсената тераса, двор и ученички расказ

65

Во празничниот дух на новогодишните и божиќните денови, во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“ избрани се најубаво украсената тераса, најубаво украсениот двор и ученички расказ.

За најубаво новогодишно украсена тераса од стан е избрана, на Теа Ивановска, булевар „ Митрополит Теодосиј Гологанов“, број 149-2/7, населба Козле, за што наградата и знесува 20.000 денари. За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа е избран на Адријана Јовановиќ, улица „Темко Попов“, број 33а, населба Маџари, за што наградата изнесува 20.000 денари. Во категоријата најубав расказ на тема „Новогодишни желби и празнувања“, наградата ја освои Христина Наумов I1, ученичка во СУГС „Ѓорѓи Димитров“, за што наградата изнесува 5.000 денари. 

Изборот го направи жири-комисија составена од реномирани новинари и медиумски професионалци: Весна Миленковска (Канал 77), Александрија Стевковска Николова (Република), Анела Петрова (Вечер), Славица Стефановска (МИА), Нина Стефанова (Телма) и Елизабета Дамјановска (Канал 5), кои лично ги посетија сите пријавени и со голема посветеност ја донесоа конечната одлука.

Од Град Скопје велат дека преку оваа иницијатива се истакнува креативноста и посветеноста на граѓаните кои со своите домови создадоа топла, светла и автентична празнична атмосфера низ градот.

-Оваа манифестација беше посветена на поттикнување на граѓаните активно да учествуваат во создавањето на празничниот амбиент, претворајќи ги своите домови во мали светлосни приказни што го разубавуваат секое маало и ја прават празничната атмосфера на Скопје потопла, поблиска и поискрена – истакна  скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ